Jensen's Inequality Essay

2760 Words12 Pages
СОУ Гимназија „Јосип Броз - Тито“ - Битола Матурска проектна задача по предметот математика: Неравенство на Јенсен Битола, март 2012 Неравенство на Јенсен Содржина: 1. Кратка биографија на Јохан Јенсен................................................................2 2. Конвексност и конкавност на функција.........................................................3 3. Дефиниција и доказ за неравенството на Јенсен...........................................5 4. Важност и примена на неравенството на Јенсен...........................................6 5. Обопштување на неравенството на Јенсен..................................................10 6. Задачи за самостојна работа..........................................................................10 7. Користена литература....................................................................................13 -1- Неравенство на Јенсен 1.Кратка биографија на Јохан Јенсен Јохан Лудвиг Јенсен (англ. Johan Ludwig William Valdemar Jensen), или најдобро познат под името Јохан Јенсен беше роден на 8 мај 1859, во Наксков (дан. Nakskov), Данска. Поголемиот дел од детството го минува во северна Шведска заедно со своето семејство бидејќи неговиот татко наоѓа работа во тие краишта. Јенсен фамилијарно се враќа во родната земја пред 1876 кога се запишува на Колеџот (Институтот) за технологија во Копенхаген. Помеѓу најразновидни природни и инженерски науки со кои се среќава на институтот, секако, тој ја изучува и теориската математиката. Од првите допири со математиката на универзитетско ниво, тој и дава огромен животен приоритет и длабоко се навлекува низ нејзината базичност и примена. Но, иако објавува многу научни дела и истражувања од областа на математиката, тој никогаш не се здобива со називот дипломиран математичар. Имено, во 1881 понудена му е работа како инженер во телефонската компанија на Александар

More about Jensen's Inequality Essay

Open Document